Xiaomi го претстави Redmi 6 Pro


Кинеската компанија „Xiaomi“ официјално го претстави својот нов паметен телефон „Redmi 6 Pro“, кој според перформансите се позиционира над моделот „Redmi 6“, претставен минатата недела.

xiaomi-redmi-6-pro-china

„Redmi 6 Pro“ пристигнува со 5,84-инчен „FHD+ 2.5D“ екран во 19:9 формат, процесорот на „Qualcomm“ со осумјадра „Snapdragon 625“ со работен такт од 2GHz (истиот чип се наоѓа и во моделот „Redmi S2“), 3 односно 4GB RAM, 32 или 64 GB интерна меморија со можност да се прошири со „microSD“ картичка.

Сензорот за отпечатокот на прстот се наоѓа на задната страна на уредот, која користи батерија од 4.000 mAh. „Redmi 6 Pro“ користи оперативен систем „Android 8.1 Oreo“ во комбинација со интерфејсот на „Xiaomi“ – „MIUI 10“.

xiaomi-redmi-6-pro

Фотографските компоненти во уредот ги сочинуваат две камери, едната е „Sony IMX486“ со 12MP со отвор на блендата f/2.2 и „Samsung S5K5E8“ од 5MP со отвор на блендата од f/2.2, како и „селфи“ камерата од 5MP со поддршка за препознавање на лицето на корисникот.

„Xiaomi Redmi 6 Pro“ на пазарот ќе пристигне во пет различни бои со почетна цена од околу 156 долари.

1b3715896a9261455e4a3b5c153130f9b5f29a29-tc-img-preview

lede


Skopje ID
[fbcomments]