Виз Ер Скопје Маратон Експо за прв пат во Македонија!

„Популаризација на спортот како начин на водење на здрав живот, поголема свест кај луѓето за спортување – во здраво тело, здрав дух се дел од причините зошто овој саем е еден од најпосетените низ светските метрополи. Виз Ер Скопје Маратон Експо, саемот по повод Виз Ер Скопски Маратон е со тенденција да стане традиција кај нас.“

Скопје (08.04.2015) Виз Ер Скопје Маратон Експо претставува саемска манифестација која за прв пат оваа година ќе се одржи од 7-ми до 9-ти мај, во 4-та хала на Скопски саем, еден ден пред Виз Ер Скопски Маратон. Ваков вид на саем традиционално се одржува во секоја светска метропола каде што се трча Маратонот.

Популаризација на спортот како начин на водење на здрав живот, поголема свест кај луѓето за спортување – во здраво тело, здрав дух – се дел од причините зошто овој саем е еден од најпосетените низ светските метрополи. Саемската манифестација Виз Ер Скопје Маратон Експо се одржува по повод маратонската трка „Виз Ер Скопски Маратон“ со тенденција да стане традиција кај нас како саем кој ќе биде центар за сите учесници, спонзори, светски спортисти и познати личности.

На изложбено-продажните штандови ќе може да се види и купи спортска опрема по поволни цени, справи за вежбање, храна за спортисти, здрава храна, разни препарати за масажа како и спортски федерации кои ќе бидат дел од светот на овој саем кој е новитет кај нас – програма наменета за подобро запознавање на граѓаните, информирање и нивно вклучување во Виз Ер Скопски Маратон, натпреварот на кој ќе учествуваат илјадници граѓани.

Во периодот на одржување на саемската манифестација, т.е. од 7 до 9 мај 2015 сите пријавени маратонци од земјава и странство е потребно да дојдат во 4-та хала на Скопски саем за да ги подигнат стартните пакети за учество во маратонската трка. За време на нивната посета, а и за сите посетители организирани се активности и од забавен карактер кои дополнително ќе го зголемат интересот како: зумба, фитнес, пилатес активности, средби со познати светски спортисти, Pasta Party како и пригодна музичка програма и забава.


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »