Врв на медицината, трансплатација на мозоци

Oгромниот напредок постигнат во медицината изминативе години не тера да поверуваме и во невозможното, па токму така и оваа вест дека е можна трансплатација на мозоци не не изненадува.

Вештачка интелигенција дијагностицира болести, луѓето со вградена модерна протетика се практично киборзи, а постигнати се и одлични резултати во поглед на борбата против стареењето. Покрај сето ова, еден истражувачки тим се справува со навидум несовладливи шанси за успех , поточно тимот на професорот Серџо Канаверо, директорот на групата за напредна невромодулација од Торино.

vest_1_495x495509

Пред 4 години, овој неврохирург го најави неговиот план за комплетирање на првата трансплантација на човечка глава во светот, а изминатата недела потврди дека оваа контроверзна операција ќе се изврши во наредните 10 месеци. Според него, тоа ќе се случи во Харбин, Кина, со Xiapoing Ren од Харбинскиот Медицински Универзитет како водач на хируршкиот тим. Пациентот, спротивно на досегашните извештаи, нема да биде русинот Валери Спиридонов, туку ќе се работи за кинески државјанин чија глава ќе биде пресадена на тело на донор.

Планот на Канаверо е веднаш по оваа процедура, не подоцна од 2018-та, да се обиде повторно да „оживее“ замрзната глава.

Тој планира да отстрани мозок од глава која била потопена во течен азот и замрзната на -196°C, и потоа да го трансплантира во тело на донор со цел ефективно да го поврати пациентот назад од мртвите, и во процесот, да се обиде да ги одговори прашањата на човештвото врзани со задгробниот живот.

Според неговите зборови, доколку таа процедура успее, ќе може да го имаме првото вистинско сведоштво за тоа што се случува по смртта.

Сето ова мора да се признае дека веќе навлегува во рамките на научната фантастика, и медицинската заедница (но и општеството) се многу скептични за успехот на овие најавени процедури.

Дури и да успеат и мозокот навистина се „разбуди“, не постои начин да се предвиди какви сè компликации пациентот може да искуси – од намалена ментална способност, до незамислива ментална траума.


Skopje ID

Коментирај