Volkswagen со ново лого


Новиот директор на Volkswagen групата се зафати за работа – првата одлука што треба да ја спроведе е менувањето на логото на компанијата. Со образложение дека било многу германско, во VW сметаат дека новото лого треба да ја отсликува електричната иднина на производителот, но и неговата интернационализација.

VW logo 0

И додека се чека на новото лого на Volkswagen кое треба да биде готово идната 2019 година, во меѓувреме Херберт Дис го чека друга работа. Иако битката со последиците од скандалот со издувните гасови сé уште трае, најтешкото одамна е надминато и Volkswagen со радикална трансформација треба да тргне кон нова иднина. Таа ќе донесе прераспределба на бизнисот во шест основни области на делување, плус Кина како специјален регион. Сериозен предизвик пред кој ќе се најде новиот директор за кој претседателот на надзорниот одбор Ханс Дитер Печ истакна дека има брзина и елан за имплементирање на новите стратегии, ќе биде и прераспределбата на брендовите во три групи – големосериски, премиум и супер-премиум. Цел на овие измени е децентрализација на раководењето и добивање брзина и флексибилност во спроведување на одлуките.


Skopje ID
[fbcomments]