(ВИДЕО) Ослободете се од болката во грбот за 2 минути!

Во прашање е јога положба која ќе ве опушти и ослободи од болката, а потребен ви е само каиш.

098
Доколку работата бара од вас постојано да сте пред компјутер во текот на денот, или едноставно седите повеќе отколку што треба, доколку веќе не сте ги почувствувале, тогаш со текот на времето сигурно ќе се појават одредени непријатности и болки, особено во грбот.

За да се ослободите од болката, применете ја оваа едноставна вежба од две минути, а потребен ви е само каиш. Станува збор за јога положба, за која не треба да ве загрижи или обесхрабри доколку од прв обид не успеете да ја направите.

Легнете на грбот со свиткани колена. Потоа исправете ја десната нога и подигнете ја под агол од 90 степени. Ставете го каишот на стапалото и држете го така. Доколку ви причинува тешкотија да ја подигнете ногата во таа положба, тогаш обидете се тоа да е под што поголем агол, најмногу што можете, внимавајќи притоа ногата секогаш да е исправена. Истото направете го и со левата нога.

Повторете ја вежбата, но овојпат со исправена нога на подот. Цело време трудете се да дишете длабоко, за дополнително да се опуштите и релаксирате. За детално упатство, погледнете го видеото во продолжение.


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »