(ВИДЕО) Домашен рецепт против стрии

Овој едноставен и евтин препарат е на база на шеќер, се подготвува за само неколку минути, а ќе ви помогне во борбата со стриите во пресрет на летото.

083

Ретки се оние среќници кои немаат стрии. Овие ,,грди’’ мали линии најчесто се појавуваат во пубертeтот поради наглиот раст, но и поради осцилациите во тежината, како и во текот на бременоста. За да се ослободите од стриите, овој едноставен рецепт може многу да ви помогне.

Потребно ви е:

• 1 лажица шеќер
• 1 лажица рицинусово (или маслиново) масло
• сок од половина лимон
• 1 капсула витамин Е

038

Измешајте ги сите состојки додека не се соединат, па со кружни движења истријте го посакуваното подрачје. Најдобро е да ги нанесете и триете со четка, бидејќи така ќе ја забрзате циркулацијата на деловите од телото каде стриите обично се појавуваат.

Повторувајте ја постапката секој ден, од 2 до 3 минути. Смесата може да стои во фрижидер до три недели. За подетално упатство погледнете го видеото во продолжение.

 


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »