Вардар со победа над Силекс се загреваше за натпреварот со Зенит

Вардарци немаа проблеми против Силекс, на свој терен лесно дојдоа до планираната победа која беше увертира пред натпреварот против Зенит од Лига Европа.
mkd-338929
Никола Глигоров по 200. јубилеен пат го носеше дресот на Вардар и успеа да постигне гол.
Резултатот беше отворен во 19. минута кога по центаршут од Блажевски, Грнчаров со глава погоди за водство на Вардар од 1-0.
Во 57. минута со убав погодок на Барсегјан Вардар го зголеми водството на 2-0. а само девет минути подоцна Глигоров го постигна третиот гол за „црвено-црните“ и ги реши сите дилеми околу победникот.
До крајот на мечот тимот од Кратово успеа само да го ублажи поразот на 3-1 преку Ѓорѓевиќ во 73. минута.
Во 76. минута Силекс имаше и пенал, но Гачевски успеа да одбрани и да не му даде на противникот да се врати во игра.


Skopje ID

Коментирај