„Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија


Овој викенд продолжува големата летна забава „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија. Денеска програмата започнува во 21 часот, на плоштадот „Скендербег“, и настапуваат повеќе изведувачи: Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ.

25082017132251_web_28

В сабота, настанот се префрла пред плоштадот „Свети Спас“ каде што во истото време ќе настапат Оркестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц (Студени нозе).
Претходно на овој фестивал настапија и Сергеј Четковиќ и Бајага и инструктори, а на програмата за следниот викенд се поставени најразлични изведувачи од Македонија како Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Нокаут, Игор Џамбазов, а на 8 и 9 септември на забавата на Боемска улица ќе настапат Нино Величковски, Синтезис, Фолтин, Влатко Илиевски, оркестарот Џамбо Агушеви многу други.

Проектот доаѓа по предлог и иницијатива од сопственици и менаџери на угостителски објекти од повеќе локации во Скопје, за да се подобри културно-забавната програма во градот, а главен организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата е задолжена „Горила Вајлд ентертејмент груп“.

Досега посетеноста беше задоволителна според градските власти. Скопјани ги посетуваа настаните, а исто така им се допаѓа и програмата што се најавува.
– Во летниот период во главниот град знае да стане навистина здодевно. Ова посебно важи за август кога повеќето скопјани заминуваат на одмор, па ваквите настани навистина доаѓаат како мало освежување за градот и за оние што остануваат во него. Изведувачите се интереси и има за секого по нешто.Скопје знае да живее и во спарните летни ноќи – ни изјави Стефан Крстевски од Центар.

Согласно на одлуката на советот на градот, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час.


Skopje ID

Коментирај