Што планираат NASA и ESA ?

NASA и ESA (Европската Вселенска Агенција) ќе ги здружат силите во мисија кон Европа, месечината на Јупитер, како еднен од најдобрите кандидати каде би можел да се развие вонземски живот.

vest_4_495x495411

Предлогот е наречен JEM (Joint Europa Mission – здружена мисија кон Европа), и целта е да се пристигне до нејзината површина и да се бараат биопотписи на живот.

Изгледите таму да постои некаков вид на живот се зголемени откога беше откриено дека на месечината има простран океан под нејзината ледена кора, а истражувачите проценуваат дека Европа има дупло повеќе вода отколку нашата планета.

Плановите за JEM се да започне во средината на 2020-тите, и би траела околу 6 и пол години. Првите 5 години би биле потребни само да се стигне до Јупитер, и потоа уште неколку дена до Европа.

Откога леталото ќе навлезе во нејзината орбита, ќе биде лансирана сонда која ќе ја истражува површината 35 дена, скенирајќи нејзини примероци во потрага по живот. Во меѓувреме, леталото кое ќе орбитира ќе помине 3 месеци во земање разни мерки за да се открие структурата на месечината, фокусирајќи се на композицијата на океаните. Потоа, сондата би се спуштила на површината, испраќајќи податоци врзани со атмосферата.

Европа е само првата цел во колаборативното истражување на вселената, бидејќи во иднина можни се и мисии кон останатите сателити на Јупитер, како и оние на Сатурн.


Skopje ID

Коментирај