Што пие Џенифер Лопез за витка линија?

Каде и да се појави, Џенифер Лопез изгледа одлично. Иако има 45 години, секогаш до израз доаѓа нејзината фигура на која можат да и позавидат не само колешките, туку и сите останати жени.

01
Популарната Џени не крие дека витката линија бара големи одрекнувања, пред се’ кога е храната во прашање. Од друга страна, преубавата пејачка истакнува дека многу вежба.

Неодамна дознавме и што точно пие секое утро за да биде постојано во добра форма.

Станува збор за нејзиниот омилен смуди напиток, кој изгледа многу примамливо, а од BodyLab – фитнес тимот на Џенифер го откриваат составот и рецептот за овој здрав појадок. Покрај блендер, за четири сервирања потребни се следните состојки:

• 3 шолји јагоди
• 1 шолја боровинки
• 1 шолја малини
• 1 шолја грчки јогурт
• 1 лажица протеински прав со вкус на ванила
• 2 лажици мед
• 1 кафена лажичка цимет
• 1 кафена лажичка цеден сок од лимон
• коцки мраз


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »