Soraya – Луксузна супер-јахта


„Soraya“ луксузната јахта, дело на „Denison Yacht Sales“ брендот, долга 46,5 метри, со „Unielle Yacht Design“ екстериер и ентериер на Алеша Братин, е вистинско ремек дело…

2015-Soraya-GENTECH-1

Ова е една неверојатно луксузна и незамисливо убава супер-јахта, која е модерна, спортска и елегатна. Таа има напредни системи за навигација, како и моќни мотори поради кои може да крстари со брзина од 11 чворови, додека максималната брзина и е 15,6 чворови.

2015-Soraya-GENTECH-3

Ентериерот е простран, многу луксузен и елегантен. ЛЕД осветлувањето, кое го има преку целата јахта, креира многу пријатна атмосфера. Главниот салон содржи импресивна маса од темен камен со удобни и модерни кожни столици, додека пак, големите прозорци пропуштаат сосема доволна количина на светлост и даваат можност за уживање во магичните погледи на морето.

Главниот апартман е многу луксузен. Тој се наоѓа на главната палуба, а се состои од спални соби, приватни канцеларии и луксузно декорирани бањи за мажи и жени. Под палубата се наоѓаат два ВИП апартмани и два двокреветни апартмани, кои се убаво опремени со доволна доза на комфор.

Цената на оваа величенствена супер-јахта е 25 милиони долари, што е импресивна цена за импресивен брод.

359-soraya-46-concept-ready-for-action-at-monaco

4560066_20140301173928996_1_XLARGE

3_4

soraya-46-14

Exif_JPEG_PICTURE

Exif_JPEG_PICTURE

 


Skopje ID
[fbcomments]