“Skopje Classic Day 2019” – 01.06

По успешната организација на минатогодишниот “Skopje Classic Day”, оваа година организаторите повторно ја збогатуваат агендата на настани во Скопје, со второ издание на меѓународниот настан.

Со специјална селекција од 55 автомобили и 30 класични мотоцикли, постари од 35 години, организаторот ќе се потруди да ни овозможи вистинско чувствно на автентичност. Автомобилите и моторциклите се под директна селекција на самиот организатор, односно клубот “Gentleman’s Crew”, а истите ќе и бидат претставени на публиката во 7 класи.

На овогодишниот “Skopje Classic Day 2019”, потврдено е учеството на колекционери од 5 држави, со вкупниот број на 25 возила кои ни доаѓаат надвор од нашата држава. За разлика од лани, оценувањето на возилата оваа година ќе биде задача на тричленото жири, предводено од професорот Харалд Лешке, поранешен главен дизајнер на Mercedes-Benz и тим лидер во егзотичниот проект на суперавтомобил Maybach Excelero.

Skopje Classic Day 2019

Дополнително, клубот “Gentleman’s Crew” во соработка со меѓународната федерација на историски возила (FIVA), ќе ја одбележи светската недела на класични мотоцикли, при што на сите учесници кои ги претставуваат своите моторцикли, ќе им биде доделен специјален беџ за учество.

Во текот на утрешниот ден (01.06) од 11:30 до 16:30 часот, ќе имате можност на едно место да ги погледнете најпрефинетите примероци на историските возила од регионот и пошироко, и во една лежерна атмосфера да уживате во убавата музика, мода и вино. За сето ова ќе се погрижи хотелот Александар Палас во Скопје, кој е домаќин на второто издание на меѓународниот настан.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »