Skopje City Mall ја заокружува 2017-та со Магична сказна


Деновите околу новогодишните празници се највозбудливиот период за децата, но и за возрасните, денови кога сите веруваме во мали чуда, слатки изненадувања и по малку магија. Затоа Skopje City Mall ја заокружува 2017-та со Магична сказна која ќе трае до 9 јануари 2018 година. Во рамки на овој настан се организираат многу интерактивни содржини, креативни работилници, можност за интересно фотографирање во духот на новогодишните празници и многу други забавни содржини.

Magicna skazna FB INSTA ad 1200 1200 (1)

За време на викендите ќе се организираат театарски претстави, како „Новогодишна Дизни бајка”, „Дедо Мраз и волшебната шума”, „Снежната кралица”, „Новогодишни волшепства” и многу други. Дедо Мраз ќе ги раскажува своите најинтересни приказни секој петок, сабота и недела, на вториот кат во Skopje City Mall. Ќе има и музички матинеа, и тоа: Волшебен саксофон, Распеаниот Дедо Мраз, Фалсето детски хор, Дизни класици, Магичната харфа, Пијано и виолина, покрај елката на влез Манапо и во одделот за храна на 2ри кат.

Како настан кој е создаден за најмладите, во рамки на Магичната сказна ќе им биде дадена можност на дечињата да ја покажат својата креативност и способности, па така и за време на Магичната сказна ќе се одржува Фимо работилницата на Дедо Мраз. Малите посетители ќе можат заедно со Дедо Мраз да креираат и да се забавуваат.

“Иако овој настан е посветен на најмалите посетители, во овој период од годината на сите ни е потребно малку магија и весела атмосфера, па затоа навистина мислам дека сите ќе уживаме во богатата програма која ја подготвивме за наредниот период и ќе ја почувствуваме новогодишната магија. Деталите за активностите и сите дополнителни информации можете да ги погледнете на www.skopjecitymall.mk/skazna.”- изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Во Skopje City Mall започна и голема новогодишна хуманитарна акција во соработка со 12 македонски медиуми. На вториот кат од трговскиот центар поставени се 12 новогодишно декорирани елки, под која секој ќе може да донира подароци. Една елка – еден медиум. Секој од медиумите одлучи подароците, кои ќе ги собере под својата елка да ги донира за децата на едно социјално загрозено семејство.

Пред трговскиот центар е поставена и новогодишна елка (висока 15 метри), која го украсува просторот со шарените светилки и украси. Декорацијата и осветлувањето во внатрешниот дел на молот ја надополнуваат новогодишната магија и го претвораат пазарувањето во волшебно и уникатно искуство.

Со оглед на тоа што веќе се започнати зимските попусти и распродажби, периодов во Skopje City Mall ќе имате можност да купите по нешто за себе и за своите најблиски, или пак да ја одберете вашата новогодишна комбинација по намалени цени.

Од трговскиот центар известуваат дека работното време на 29 и 30 декември ќе биде продолжено до 23 часот (не е обврзувачко за сите локали). За прв пат оваа година Skopje City Mall 1-ви јануари го прогласува за неработен ден. Ќе работат само маркетот, киното, кафе-баровите и рестораните. Деталите за работното време на локалите можете да ги погледнете на фотографијата подолу



SkopjeID
Доживеј го градот целосно!

Коментирај