Skopje City Mall домаќин на Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival


11817093_1646572832230357_1296269998586226724_n Македонија до сега се јавила како организатор на многубројни натпревари и настани за велосипедизам, но Balkan Bike Festival е единствен на Балканот од ваков вид. Скопје Сити Мол оваа година ќе биде домаќин на вториот Балкан Бајк Фестивал, Macedonia X-Treme 2015, од 18ти до 20ти септември, FMB Silver настан кој сам по себе ќе биде интересен за најмалите и за големите, за љубителите на велосипедизмот, но и за оние зависните од адреналински случувања.

Натпреварувањата ќе бидат отворени за сите натпреварувачи од сите земји. UCI C2XCO Race, FMB World Tour Silver Event, Macedonia Open BMX Championship 2015, XCM Marathon race се предизвиците во кои сите љубители на велосипеди и велоспедизам, натпреварување и адреналин ќе си ги одмерат силите на  вториот по ред Балкан Бајк Фестивал.

Вредните награди за сите победници во сите категории се она што е дополнителен предизвик за сите професионалци и аматери кои се пријавија или планираат допрва да го сторат истото.

Фестивалот ќе има богата програма во склоп на која, првата точка со која ќе се отвори настанот во петок попладне (18.09) ќе вклучува акробации од страна на Savage Skills, тимот за акробации од Велика Британија во слободен стил за планински велосипедизам. Настанот ќе биде пренесуван во живо на националните телевизии, а истиот ќе се емитува во живо и на интернет. По акробациите, ќе следи и BMX натпреварот.

За време на вториот ден ќе се оддржи рекреативниот маратон кој ќе започне рано изутрина на градскиот плоштад и ќе продолжи на падините на Водно. Попладнето е резервирано за BMX финалето, а вечерта ќе започне финалето на FMB World Tour Silver Event-от.  Квалификациите ќе бидат организирани изутрина. Сите натпреварувачи ќе се вклучат во бројни активности, како јавни дебати, избор на најубави и најдобро опремени велосипеди, наградувања, итн.

Третиот ден во 11 часот наутро на врвот на Водно ќе започне UCI XCO C2 трката. Голем број на професионалци од регионот ќе се натпреваруваат за UCI ранг поените и квота квалификациите за Олимпијадата. Крајот на фестивалот ќе биде пропратен со разновидни активности  во Скопје Сити Мол од забавен и интерактивен карактер.

Сите посетители на Скопје Сити Мол ќе имаат можност да дознаат и нешто повеќе за за велосипедизмот и за алтернативниот туризам во Македонија и Балканот преку разновидни јавни дискусии од отворен и интерактивен каратер преку претставници на легислативни тела во Македонија и од страна на неколку невладини организации. Дополнителна интересна информација особено за најмладите е Велосипедската школа на Скопје Сити Мол која за време на целиот настан ќе дава бесплатни совети за дечињата, како и препораки за избор на соодветен велосипед според степенот на познавање на спортот и предиспозициите на учесниците во истата.

За време на овој настан ќе бидат претставени и повеќе од  200 брендови за велосипеди кои можат да се најдат на македонскиот пазар. Се очекуваат повеќе од 100,000 посетители, а над 200 волонтери ќе помогнат овој фестивал преку добра организација да се претвори во уникатен настан во Македонија и регионот.

Скопје Сити Мол, сè што сакам од адреналин, натпреварување и спорт


SkopjeID
Доживеј го градот целосно!
[fbcomments]
Translate »