Samsung подготвува евтин Galaxy


Доколку е точна „Bluetooth“ сертификацијата, која се појави овие денови, „Samsung“ изгледа се подготвува да претстави нов „Galaxy A4“, телефон кој би можел да се смести помеѓу „Galaxy A8/A8+“ и „Galaxy A6/A6+“ кои се појавија претходно во оваа година.

g4-model3

Неколку верзии на уредот, кој најверојатно ќе се нарекува „Galaxy A4“, ја доби својата „Bluetooth“ сертификација, што сугерира дека од неговата премиера не не дели многу време.

Забележани се модели „SM-A460F“, „SM-A460F_DS“, „SM-A460N“, „SM-A460U“, „SM-A460X“, „SM-A460XN“ и „SM-A460XC“, a сугерира дека секој од нив ќе биде наменет за одреден регион во склад со потребата од „LTE“ поддршката.

Моделот „SM-A460F_DS“ сугерира на „dual-SIM“ можност, а оваа верзија на телефонот ќе биде понудена на некои пазари.

Кога станува збор за карактеристиките и спецификациите кои може да се очекуваат од телефонот, многу е голема шансата да видиме „Infinity Display“, алиминиумска изработка слична на „Galaxy A6“ моделите, додека интерниот хардвер засега е непознат.

„Samsung“ се уште нема објавено официјални информации за телефонот, па не е познато кога тој ќе биде претставен. Следејќи ги претходните објави на „Bluetooth“ листите, „Galaxy A4“ може да го очекуваме најрано следниот месец.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »