Renault-Nissan-Mitsubishi објави рекордни продажби за 2018

Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi очигледно ќе го задржи првото место по продажба во светот, откако постигна рекордни резултати за првите 6 месеци од годината.

Renault-Nissan-Mitsubishi-alijansa-780x405

До 30 јуни француско-јапонскиот производител реализирал 5.538.530 нови автомобили во целиот свет, што е за 5,1% повеќе од истиот перод на 2017. Гледано по марки, Renaut регистрира зголемување на продажбата на моделите Clio, Captur и Scenic, а Dacia оствари рекорд како целина за првото полугодие.

За возврат Nissan има одличен раст кај голем број модели, вклучувајќи ги Note, Serena, X-Trail и Qashqai, додека Mitsubishi може да се пофали со слични показатели кај Eclipse Cross и XPANDER. Двата бренда, Renault и Nissan, исто така, пријавија одлични остварувања во сегментот на електрични автомобили.

Француската компанија има вкупно 21,9% од пазарот во Европа, благодарение на ZOE и Kangoo Z.E. Вториот модел има пазарен удел од 38% кај лесни комерцијални возила. Кај Nissan одличното претставување во сегментот се должи на новиот Leaf, од кој до првите 6 месеци се продадени над 47.000 примероци. Во Европа, пласирани се 18.000, што го прави најпопуларното електрично возило на континентот. Mitsubishi Motors, чиј хибрид Outlander PGEV е лидер во SUV сегментот, исто така оствари добри резултати.

Renault-Nissan-Mitsubishi

Плановите на Renault-Nissan-Mitsubishi предвидуваат во 2022 година Алијансата да продава над 14 милиони нови автомобили годишно.

За споредба, во 2017 година резултатот на групата беше 10,6 милиони, што означува дека по 4 години продажбата треба да се зголеми за близу 30%. Задржувајќи ги овие стапки, алијансата сигурно ќе ја заврши годината на прво место по продажба. Големите конкуренти Toyota и VW исто така ги објавија своите резултати за оствареното по половина од годината.

Јапонците реализирале 5.209.000 нови автомобили за првите 6 месеци, што е пораст за 4,7 %. Од нив се на марките Toyota и Lexus, а останатите на автомобилите Daihatsu (431.000) и камионите Hino. Германците од Volkswagen изгледаат како посериозна опасност за првото место, резултатот за 6 месеци е 5.519.000 продажби.


Skopje ID
[fbcomments]