Раперот Лил Вејн е хоспитализиран поради епилептичен напад


Добитникот на Греми награда, раперот Лил Вејн во неделата бил хоспитализиран откако поради епилептичен напад бил пронајден во несвесна состојба во хотелска соба во Чикаго.

34-годишниот Вејн, кој важи за еднo од најголемите имиња во рап музиката, во болницата доживеал и втор напад, соопштиле неговите агенти.

Пред повеќе од една година, раперот поради истата причина завршил во болница, а пред четири години поминал неколку дена во болница во Лос Анџелес, кога и соопштил на јавноста дека има епилепсија и дека е склон кон напади.

Кариерата ја започнал на само девет години, кога станал најмладиот музичар кој некогаш потпишал за Cash Money Records.

 


Skopje ID

Коментирај