„ProteinLab“ – новата омилена локација на спортистите и фитнес ентузијастите


„ProteinLab“ – новата омилена локација на спортистите и фитнес ентузијастите

Од 8-ми април сите спортисти, фитнес ентузијасти и љубители на спортската исхрана ќе добијат место на кое ќе најдат внимателно избрани, висококвалитетни суплементи и вкусни протеински smoothie шејкови. „ProteinLab“ е нова продавница во Скопје, во кулата на Горење на булеварот Партизански Одреди до Skopje City Mall. Ќе биде уникатна по својот изглед, но и по грижата која купувачите ќе ја добијат од високо стручниот и искусен тим.

„Нашата цел е многу поголема од тоа да бидеме само уште една продавница за суплементи. Мотивот за отворањето на ProteinLab лежи во нашата желба и посветеност на промовирањето здрав начин на живот, најпрвин преку нашиот пример, а потоа и преку едукација на луѓето околу нас. Имаме тим со одлични познавања од фитнесот и додатоците во спортската исхрана кој е подготвен своето знаење да го сподели со сите кои ќе влезат во нашата продавница.“ – велат од менаџментот.

COVER-PL

На полиците на „ProteinLab“ ќе може да се најде широка палета на производи од брендовите кои се веќе докажани на глобалниот пазар на суплементи со својот исклучителен квалитет и состав – Scitec Nutrition, FullForce Nutrition и PharmaFirst Nutrition.

Отворањето на продавницата е закажано за 1-ви април, сабота, од 11 часот. Настанот е поддржан од Red Bull, а гостите ќе ги забавува познатиот хип-хоп диџеј Гоце со свој музички сет. Домаќините најавуваат и специјални попусти, подароци и понуди кои ќе важат само на денот на отворањето. Настанот е од отворен тип, а повеќе детали можат да се најдат на официјалната фејсбук страница и фејсбукевентот  https://proteinlab.mk/


Mario Fit

Коментирај