“Пред поројот” на Ди Каприо и Скорзезе на малите екрани во Македонија


Oткако се појави во кино салите во Њујорк и Лос Анџелес и откако беше презентиран на повеќе фестивали во Торонто, а беше прикажан и во Белата Куќа и во Обединетите Нации документарниот филм “Пред поројот” на Леонардо Ди Каприо и Мартин Скорзезе е достапен на интернет.

images

Филмот беше прикажан на програмата на National Geographic на 30 октомври а ќе биде достапен на интернет една недела, до 5 ноември, на повеќе интернет платформи како You Tube. Целта на реализаторите е да допрат до што поголема публика и да го сензибилираат целиот свет за климатските промени и глобалното затоплување.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=90CkXVF-Q8M?feature=oembed]

Филмот е составен од архивски слики и алармантни сцени за состојбата на земјината топка, отвора проблематични прашања од оваа област и предлага решенија за да се запре глобалното затоплување.

Ди Каприо е познат борец за човековата околина и за снимањето на овој филм ги обиколи сите четири страни на светот, интервјуираше повеќе научници и политичари како Барак Обама, Бил Клинтон, Џин Кери, Бан Ки-Мун, Папата Франческо….

Документрецот почнува во 2014 година и го следи актерот кој тогаш беше именуван за “гласник на мирот” од Обединетите Нации. Во текот на планетарното патување Ди Каприо ги набљудува хаотичните последици на климатските промени преку топењето на мразот на Арктикот, сечењето на амазонската прашума, поплавените брегови на Флорида…

Холивудската ѕвезда се надева дека огромен број луѓе ќе го видат филмот а пред се Американците кои идната недела на 8 ноември го избираат својот нов претседател.

Како една од најмоќните нации на светот, САД играат голема улога во можните решенија за да се сопре глобалното затоплување. Филмот потсетува на уништувачката улога на лобито на големите енергетски фирми и инертноста на американсата политика во областа на климата.


Skopje ID

Коментирај