Power Rangers стигнува наскоро во кино салите !


Power Rangers reboot филмот на култната франшиза денес го објави и официјалниот тизер. Фановите се возбудени, а со нетрпение се очекува и пристигнувањето во кино салите следната година.

power-rangers-2017

Во режија на Ј. Африканскиот режисер Дин Израелити, Power Rangers ќе биде нова приказна за мисијата на група средношколци да го одбранат малиот град Ејнџел Гроув од злобната вонземска закана претставена преку Рита Репулса. Во улогата на Репулса ќе ја видиме фантастичната Елизабет Бенкс, а во улогите на моќните ренџери ќе се појават Декри Монтгомери, Наоми Скот, Ар Џеј Сајлер, Беки Џи и Луди Лин.

power-rangers3

Во останатите улоги ќе имаме можност да ги видиме и одличните Бил Хејдер, Брајан Кренстон и Сара Греј, а премиерата е закажана за 24-ти март, следната година. Филмот беше снимен за буџет од 150 милиони долари, а ова е првиот тизер за Power Rangers:

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=Q-C4qqsgs8w?feature=oembed]


Skopje ID
[fbcomments]