Појадок за ноќни птици

Не сакате да го прескокнувате појадокот, но наутро пред одењето на работа немате доволно време за подготовка на здрав и енергетски заситен појадок? Еве го решението.

001

Во вечерните часови, пред спиење подгответе овесна каша (без готвење!), која наутро ќе биде спремна да се јаде или да ја понесете во канцеларија.

Измешајте од 1/3 до 1/2 шолја овесни снегулки со половина и цела шолја (кравјо, бадемово, соино) млеко или јогурт (пробиотиски или грчки). Во вака подготвената основна мешавина, секој ден може да додавате различни состојки:1-2 лажици чиа семки, една дланка исецкани јаткасти плодови или семки, парчиња суво или свежо овошје.

И засладувачите може да варираат, од мед и јаворов сируп, цимет или какао прав, до егзотично кокосово брашно. Измешајте ја убаво одбраната смеса, сипете ја во стаклена тегла и добро затворете, а потоа теглата оставете ја во ладилникот. Нека отстои цела ноќ или барем четири часа за овесот да омекне и апсорбира млекото и јогуртот – вашиот вкусен и здрав појадок е подготвен за јадење.


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »