PLAYUK ARCADIA 2018 ГИ ЗАПОЧНА СВОИТЕ АКТИВНОСТИ


Во понеделникот вечерта, 29 ноември, светската уметничка сензација и потенцијални добитници на овогодинешната Тарнерова награда одржаа јавно предавање во полната сала во Музејот на современа уметност – Скопје. Ова беше прва активност на мултимедијалниот фестивал PlayUK Arcadia 2018 кој го организира British Council.

PlayUK_1

Рaботилницитa за професионалци што се одржуваат денес, 30 ноември, ги организираат заедно Британски совет и Музејот на современа уметност – Скопје. На настанот членовите на Forensic Architecture изјавија: „Се обидуваме да ги тестираме официјалните наративи на владите и сакаме тие да преземат одговорност за случаи каде што гледаме прекршување на човековите права. Нашата работа е прилично научна, но ги поттикнуваме граѓанските здруженија подлабоко да ги истражат податоците.“

PlayUK_2

Вториот дел од програмата почнува в петок, 2 ноември, во Младинскиoт културен центар. Посетителите ќе имаат можност да ја доживеат иднината со посета на инсталацијата „Дневна соба на иднината“ и да почуствуваат каква ќе ни биде дневната соба за 20 години. Исто како што Јутуб знае кои песни ги сакате, дневните соби на иднината ќе можат да научат нешто за Вас, да собираат податоци и да се прилагодат на Вашето расположение и навики. Ќе биде особено задоволство да се разговара со Илија Тирицовски, Македонец што беше вклучен во процесот на создавање на собата заедно со експертите од Би-Би-Си, FACT и многу универзитети од Обединетото кралство.

PlayUK_3

Се организира и досега невидена изложба на видео игри, што може да се посети за време на викендот. Професионалци од областа на уметност, технологија, дизајн и создавање игри ќе се сретнат и ќе дискутираат за креирањето игри, но уште поважно, овие игри се наменети за сите оние што ги интересираат најновите трендови во технологијата или оние што никогаш немале можност да пробаат ВР или игри што се проектираат на под. Во текот на сите денови се организира музичка програма и посетителите ќе можат да уживаат во електронска музика од домашни и британски диџеи.


Skopje ID
[fbcomments]