Пијалоци кои треба да ги избегнуваме бидејќи содржат голем број на калории


Во период после празниците сите сакаме да отстраниме некое кило од нас. Дефинитивно од негде треба да почнеме, па зашто тоа да не бидат пијалоците кои секојдневно ги внесуваме.Веројатно сите ги знаеме очигледните пијалаци кои го блокираат губењето килограми – алкохолот и газираните сокови. Но, вистината е дека може да внесете стотици калории дополнително од одредени други пијалаци, без воопшто да го сфатите тоа.

6-pijalaci-koi-ne-treba-da-gi-piete-dkolku-sakate-da-oslabite-01

Една од причините е фактот што нашиот мозок не го регистрира чувството на заситување од течните пијалаци, за разлика од тврдата храна.

Плус, тие едноставно се преполни шеќери, а кога станува збор за внесени калории, секогаш е подобро тие да доаѓаат од цврста храна, отколку од течности.

Доколку не можете сосема да ги чкртнете од листата на забранети пијалаци, тогаш барем потрудете се да внесувате што е можно помалку:

Кафиња со додатоци

Мокачино, фрапе со течно чоколадо и шлаг, кафе со крем, карамел или кокос… изборот денеска е огромен, а сите овие додатоци придонесуваат за огромен број на дополнителни калории.

Не мора да се откажете од дневната доза кофеин, едноставно напијте се шолја обично црно кафе без шеќер, а доколку не можете без млеко додадете не повеќе од еден прст полномасно млеко во шолјата.

6-pijalaci-koi-ne-treba-da-gi-piete-dkolku-sakate-da-oslabite-02.jpg

Млеко со ниска масленост

Истражувањата покажуваат дека консументите кои користат млеко со 1% масленост имаат тенденција да накачуваат повеќе килограми за разлика од оние кои пијат полномасно незашеќерено млеко.

Особено се препорачува да се избегнува млекото со вкус на јагода, колачиња или лешник, бидејќи вријат од шеќери. Доколку вашиот организам не поднесува млечни производи, најдобро одберете чисто бадемово млеко, без додаток на шеќер.

6-pijalaci-koi-ne-treba-da-gi-piete-dkolku-sakate-da-oslabite-03.jpg

Ледени чаеви

Верувале или не, ледените чаеви содржат исто количина шеќер како и газираните сокови. Само половина литар леден лај содржи 11 лажички шеќер. Најдобро е самите да си приготвите чај без шеќер, а доколку го преферирате сепак засладен, употребете малку мед или стевиа и нормално лимон за поинтензивен вкус.

6-pijalaci-koi-ne-treba-da-gi-piete-dkolku-sakate-da-oslabite-04.jpg

Сок од портокал

Дури и оние кутии на кои пишува 100% сок без шеќер, содржат природни скриени шеќери во себе. Една чаша чист сок од портокал содржи 6 лажички шеќер, чашата сок од јаболко брои 7, додека сокот од грозје има дури 9 лажички шеќер во една чаша.

Шеќерот од ваквите сокови се разградува многу брзо, бидејќи нема други нутриенти покрај себе, како масти или протеини. Овој процес инстантно предизвикува пореметување на нивото на шеќер во крвта и создава чувство на глад, додека вашето тело бара дополнителен шеќер и јаглехидрати.

6-pijalaci-koi-ne-treba-da-gi-piete-dkolku-sakate-da-oslabite-05.jpg

Смути со премногу додатоци

Кога правите смути, лесно е да се занесете и да ставите премногу работи во блендерот. Банана, јаболко, малку бадемчиња, чиа семки, мед, млеко или јогурт… звучи познато, нели?

Не би седнале да ги изедете сите овие работи одеднаш во цврста форма, па тогаш зошто би ги испиле наеднаш?

Смутито е здрав избор, но состојките и количината треба да се ограничат. Најдобро е да се комбинираат корисни протеини, како авокадо или лажица путер од кикирики, со половина овошка и обичен јогурт. Секогаш кога можете заменете ги овошните додатоци со зелени зеленчуци.

6-pijalaci-koi-ne-treba-da-gi-piete-dkolku-sakate-da-oslabite-06.jpg

Енергетски пијалоци

Со чиста совест можеме да кажеме дека енергетските пијалоци се полоши за слабеење дури и од алкохолот. Кога еднаш ќе започнете здрав режим на исхрана дополнет со физичка активност, вашето тело ќе започне да ја чувствува промената и едноставно нема да има потреба од дополнителна вештачка доза на енергија. Затоа заборавете на енергетските пијалаци полни шеќери, погрижете се да јадете здраво, да вежбате и да спиете доволно.

pijalaci-koi-ne-treba-da-gi-piete-ako-se-obiduvate-da-oslabete-1.jpg


Skopje ID
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »