Oпштина Ѓорче Петров добива подземни контејнери


Советот на општина Ѓорче Петров на денешната седница донесе одлука за меѓуопштинска соработка со Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ за поставување подземни контејнери.

06072017142638_web_kontejneri

– Подземните контејнери општината Ѓорче Петров ги прави заедно со град Скопје и со ЈП „Комунална хигиена“, при што секој плаќа по една третина од вредноста на овие контејнери, истакнал градоначалникот Сокол Митровски на денешната седница на Советот.

Со поставување на овие подземни контејнери, како што соопшти општина Ѓорче Петров, се нуди подобро решение за одложување на комуналниот отпад, кој се одложува под земја при што е исклучена можноста да се расфрла од кучиња или мачки скитници и нема ширење миризба.

Општината Ѓорче Петров за оваа намена ќе обезбеди 2,2 милиони денари од својот буџет.


Skopje ID

Коментирај