Opel Astra L пристигнува во 2021 година со хибриден погон


Opel планира возилата од новата генерација на својот популарен модел, Astra, за 2021 година да ги претстави на PSA платформа.

Astra L ќе премине на EMP2 платформа, на која е базиран и SUV моделот на Opel – Grandland X.

Ова ќе му овозможи на германскиот произведувач да ги користи моторите на францускиот гигант, а покрај бензинец, кој се очекува да располага со 220 коњски сили, Astra ќе им остане верна и на дизел моторите, кои ќе располагаат со 180 коњски сили.

Исто така, Astra L ќе добие и хибриден погон, а комбинацијата на бензинец и електромотор би требало да испорачува повеќе од 200 коњски сили.

Кога станува збор за дизајнот, од Opel најавуваат подинамична линија од актуелниот модел, со детали од автомобилот Grandland X.

Во меѓувреме, Opel релативно бргу би требало да ја претстави редизајнираната верзија од актуелната Astra, која е на пазарот уште од 2015 година.

Промоцијата се очекува кон крајот на годината.


Skopje ID
[fbcomments]