Oва е првиот хардвер од Facebook


„Facebook“ штотуку го прикажа својот прв хардвер. Уредот е наменет за видео четување и доаѓа во две верзии кои се нарекуваат „Portal“ и „Portal Plus“.

portal39399

„Portal“ изгледа како таблет компјутер, но на корисниците им нуди многу подобро искуство во работата во однос на постоечките таблети и паметни телефони.

Основата на комуникацијата преку „Portal“ претстсавува „Facebook Messenger“, со чија помош се примаат и остваруваат повици, а тука е и паметниот асистент на „Amazon“, „Alexa“.

Една од главните особини, по која „Portal“ се разликува од другите уреди и апликации за комуникација, е можноста за автоматско зумирање кое потоа ги следи корисници додека се поместуваат и движат, трудејќи се секогаш да се фокусира централно со цел најдобро да се видат.
Двата „Portal“ уреди се конструирана така да би требало да се користат од оддалеченост од 1,5 до 3 метри, што е многу подалеку за видео повиците од останатите уреди.

Уредите користат камери со сензори од 12 мегапиксели, кој покриваат агол од 140 степени, што претставува шриок агол кој овозможува зумирање во движење и без големо рефокусирање.

Кога е активиран „SmartCamera“ режимот на работа, уредот автоматски го променува кадарот на сликање со цели и другите луѓе, кои во меѓувреме ќе влезат во кадарот, да се најдат во истиот. Тогаш, соговорникот од „другата страна“ со обично тапкање по лицето на повеќе лица на екранот, може поблиску да ја следи одредената лично на која уредот ќе се фокусира.

„Portal“ на корисниците им нуди многу графички опции и комични ефекти кои можат да додат лица на луѓе кои преку него комуницираат. Исто така, за време на комуникацијата е можно да се користи и музика од сервисите „Spotify“ или „Pandora“, пишува „BBC“.

Поголемиот, „Portal Plus“ има екран од 15,6-инчи во резолуција од 1080p, која може да се ротира на постољето и се користи во вертикална и хоризонтална положба. Неговата цена е 349 долари. Помалиот модел, „Portal“ има екран со дијагонала од 10,1-инчи, резолуција од 720p и малку послаби звучници. Цената на овој уред е 199 долари.


Skopje ID
[fbcomments]