Нови песни на Слаткар, Тајзи и Сара Мејс


Претставниците на македонската естрада деновиве ги промовираат своите нови песни и спотови, со кои сакаат да им го разубават претстојното лето на своите обожаватели. Сара Мејс и гитаристот Дамјан Пејчиноски вчера ја објавија „Лажев“, нивната нова песна. За музиката и текстот се погрижија самите, а аранжманот е на Бојан Трајковски. Видеото, снимено во МОБ, го направија Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски. Претходно тие ја снимија и „Немам пари“, за која е реализиран и интересен спот. И двајцата велат дека она што го мислат и чувствуваат тие го покажуваат преку своите песни.

13062017120753_web_web
Драган Величковски-Тајзи, исто така, има нова песна и видеозапис. „Омилена“ е темата, за која тој се надева дека летово ќе ја слушаме на балканските радиостаници. Песната е во летен реге ритам, со текст на Тајзи, додека музиката ја работеа заедно со Лазар Цветковски, кој го изработи и аранжманот.
Песната, заедно со видеото, ќе биде промовирана на каналот на „Балкатон“, продукцијата со која Тајзи соработува веќе една година. Оттаму најавуваат уште неколку проекти и соработка со нивниот ексклузивец, кој моментално е најбараниот артист на Балканот – Раста. Видеото за „Омилена“ е во режија на Илија Жоговски и е снимено на неколку прекрасни локации во Македонија и во Грција. Во спотот се појавуваат повеќе од 50 статисти, модели, жонглери, скејтери, спортисти, а главната улога ѝ е доделена на Марис Џолин.

Деновиве и нашиот хипхоп-артист Марко Маринковиќ – „Слаткаристика“ на Јутјуб го промовираше спотот за песната „Терориста“. Според првите реакции ова ќе биде уште еден негов летен, регетон хит. Музиката ја работеа „Слаткаристика“ и Иван Јованов, кој го направи и аранжманот, a текстот е на Слаткар. Режисер на видеото е Огнен Шапковски.
„Слаткаристика“ ова лето ќе биде доста активен, a освен закажаните настапи во Македонија и Бугарија, тој е дел и од најголемата летна турнеја досега направена меѓу две држави, насловена „One Love Tour“, на која ќе настапува заедно со: Криско, Гери Никол, Апсурд, диџеј Гоце С.A.Ф. и Тони Зен. Концерти ќе има во Банско, Охрид, Струмица, Сончев Брег, Варна, Пловдив, Скопје и во Софија.


Skopje ID

Коментирај