Нова, последна епизода на Friends

Еден голем обожавател на серијата Friends, одлучил да импровизира во сценариото на серијата и го променил крајот на своето омилено тв шоу. Но, тука нема ништо спорно. Интересна е идејата зад неговата алтернативна приказна.
20161023-prijateli-na-friends-sigurno-ve-kopka-shto-se-sluchuva-vo-ovaa-dosega-neobjavena-epizoda-od-serijata-m

Имено, „новата“ епизода, всушност, убива еден член од славната шесторка.

Најнеомилениот лик, Чендлер, загинува во сообраќајна несреќа и се враќа како „напорен“ дух за да уништи сè.

Видеото што трае 16 минути е колаж од клипчиња од 125-те епизоди и досега брои преку 750.000 прегледи на интернет.

Гледачите го опишуваат како емотивен микс со алтернативен крај на приказната за Пријатели(те), што истовремено е мрачна, застрашувачка, но и далекувидна.

Епизодата е наречена The one where Chandler dies. Започнува нормално, со добропознатата најавна шпица и неколку кадри со Чендлер, кои одеднаш се прекинуваат со застрашувачки врисоци.

Атмосферата станува малку сериозна, музиката меланхолична, а Чендлер го нема на своето место на софата.

Пријателите одат да го посетат во болница, но неговото срце не издржува…

Погледнете како натаму се развива приказната на следното видео.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=NR4jZ8KKs-k?wmode=transparent]


Skopje ID

Коментирај