Нов хит на Куку Леле !

Насловот на најновата песна на Панки и Роберт Саздов од „Куку Леле“ е„Лисици црни имам“. Зад текстот, музиката и аранжманот на новата песна се потпишува Роберт Саздов, а пред неколку дена беше снимен и доста провокативен видеоспот.Покрај Роберт и Панки во спотот се појавуваат седум атрактивни девојки, а за снимањето биле користени и разни реквизити од продавницата за сексуални помагала „Валијант“.

– На снимањето на спотот беше многу динамично и возбудливо. Видеото за „Лисици црни имам“ е дел од кватрологијата која ни е планирана за 2016 година. Две песни веќе се објавени, „На сон ми доаѓаш“ и „Шутни го бејби“ , а оваа ќе биде трета. По неа подоцна ќе ја објавиме и четвртата песна, но сите ќе бидат сите поставени на еден линк како една подолга видеоприказна – вели Роберт.Песната и видеоспотот ќе бидат промовирани за многу скоро време, а дотогаш уживајте во последната изведба на „Куку Леле“, „На сон ми доаѓаш“.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=cd9hgifNF9I]

 kuku-lele


Skopje ID
[fbcomments]