Nokia го претстави својот 6.1 Plus телефон


Како што вети, „HMD Global“ го претстави „најочекуваниот телефон“ на меѓународно ниво. Таа улога му припадна на моделот „Nokia 6.1 Plus“.

nokia-6-plus-20

Овој паметен телефон е меѓународна верзија на „Nokia X6“, која дебитираше во Кина во мај оваа година. Во јуни, моделот за прв пат излезе од земјата, дебитирајќи во Хонг Конг.
Техничките карактеристики на „Nokia 6.1 Plus“ се исти како оние на „Nokia X6“, само платформата е чиста верзија на „Android 8.1 Oreo“ – „Android One“.

Да потсетиме дека „Nokia X6“ беше првиот смартфон на „HMD Global“ со дизајн без рамка и отвор на екранот во стилот на „iPhone X“. Тој е опремен со 5,8-инчен дисплеј со однос на страните 19:9 и резолуција „Full HD +“ (2280 x 1080 пиксели) , скенер за отпечатоци, двојна камера од 16 + 5 MP, како и предна камера од 16 мегапиксели.

nokia-6-plus-22
Уредот е базиран на осумјадрениот процесор „Qualcomm Snapdragon 636“, 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија со можност за проширување со мемориска картичка „microSD“ до 400 GB. Батеријата има капацитет од 3.060 mAh. Овој смартфон ја има технологијата за брзо полнење „Qualcomm Quick Charge 3.0“.
Смартфонот работи со 2 SIM картички, поддржуваат се, „4G VoLTE“, „Wi-Fi“ (802.11 ac), „Bluetooth 5“, „GPS + Glonass“, „USB Type-C“.

nokia-6-plus-23
„Nokia 6.1 Plus“ ќе биде достапен во три решенија на боја – црна сјајна, бела сјајна и темно сина сјајна. Овој паметен телефон ќе биде достапен за продажба во повеќе земји уште во август, а неговата приближна цена е 249 долари.



Skopje ID
[fbcomments]
Translate »