Nintendo планира нова верзија на Switch за 2019-та


Јапонската технолошка компанија „Nintendo“ планира да ја објави новата верзија на својата играчка конзола „Switch“ во следната година за да го задржи моментумот на продажба на уредот. Ова е објавено од добавувачите и други извори на „Wall Street Journal“ кои се запознаени со плановите на компанијата.

nin-switch335

Продажбата на „Switch“, кој беше претставен во март 2017-та година, се уште е голема, но уредот веќе не носат такви изненадувања како оние што ги видовме во првата година од воведувањето на пазарот.

Обновувањето на „Switch“ сугерира дека компанијата дејствува брзо за да се осигура дека нејзиниот предводник нема да ја изгуби својата конкурентност.

„Nintendo“ се уште дебатира за тоа што ќе вклучат новите хардверски и софтверски функции и како ќе влијаат на цената, велат извори кои се запознати со ова прашање.

Една од опциите е да се подобри екранот, коментираат тие. Тековниот „Switch“ користи низок „LCD“ екран, без некои технологии кои се стандардни за последните „LCD“ дисплеи на паметните телефони.

Подобрувањето на дисплејот со овие технологии ќе го направат полесен, потенок и енергетски поефикасен. Сепак, уредот не се очекува да пристигне со „OLED“ панел кој се користи во серијата „iPhone X“ на „Apple“.

„Nintendo“ сака да ја претстави новата конзола во втората половина од 2019-та година, велат изворите.

Портпаролот на јапонскиот гигант одби да коментира во врска со ова прашање.


Skopje ID
[fbcomments]