NETFLIX ВИ ПЛАЌА ДА ГЛЕДАТЕ СЕРИИ


Замислете си дека можете да бидете платени за нешто што одбирате да го правите во слободното време. Netflix го прави тоа остварливо со новиот оглас во кој бара луѓе кои ќе бидат платени за да гледаат серии.

rs_1024x759-161025142146-1024_NewNetflixLogo

 

Она што го бара Netflix се „професионални гледачи на серии и филмови“ чија задача ќе биде да ги истражуваат и оценуваат новите серии и филмови на оваа платформа.

Според Esquire, новото работно место кое го нуди Netflix е резервирано за аналитичар, чија одговорност ќе биде да гледа серии и филмови од оригиналната содржина на платформата и да ги истражува нивните добри и лоши страни, да ги оценува и да пишува анализи и да ја анализира понудената содржина.

Огласот, за жал, беше тргнат и нема детали околу тоа колкава е платата, работното време и дали ќе се „работи“ од дома или од некои посебни простории. Со оглед на буџетот на Netflix, може да се каже дека платата би била доволна за да се купат нови пуканки за секоја нова изгледана епизода.

Сепак, во огласот стоеше дека не се вработува било кој, туку личност која има детално и длабоко познавање од серии и филмови. Беше нагласено и дека треба да се поседува челична волја, бидејќи е потребно со часови да се седи пред екранот.

netflix

Кој и да се пријави за оваа работна позиција, нема да има недостаток од работа, ако се земат предвид новите 700 серии кои Netflix ги има закажано за 2018 година.


Skopje ID
[fbcomments]