Moviphone – паметен телефон за вистинските љубители на филмот


Помеѓу големиот број на паметни телефони претставени на овогодинешниот CES конгрес во Лас Вегас, се најде и еден геџет наменет само за вистинските љубители на филмот.

iOKhM-6704244855a96cfbe149de538363547-wide

И покрај тоа што Moviphone по својот изглед не се разликува премногу од големиот број на Андроид смартфони, неговиот главен адут е ласерскиот проектор кој емитува слика во 720 HD резолуција.

Проекторот може да проектира сè што може и да се гледа и на екранот на телефонот. Тоа значи дека корисникот на него може да емитува видео содржини од YouTube и Netflix, како и PowerPoint презентации, и тоа на било која површина.

Освен резолуцијата од 1280х720 пиксели, уредот се одликува и со контраст од 80.000:1.

Произведувачот тврди дека Moviphone е во состојба да прикаже слика со големина до 100 инчи.

Од останатите “телефонски” карактеристики, Moviphone се одликува со MediaTekovom SoC MT6750V/W чипсет, има 5,5 инчен FHD екран, 3 GB/4 GB RAM и 32GB/64GB интерна меморија. Капацитетот може да се прошири со помош на мемориска картичка до 128 GB.

Уредот работи на оперативен систем Android 7.0 Nougat. Овој паметен телефон е опремен со предна камера од 8 MP и задна камера од 16 MP, како и батерија со капацитет од 4000 mAh.

Батеријата е во состојба да издржи 285 часа на “stand-by” и до 22 часа разговор, а полната батерија може да обезбеди и до 4 часа непрекината работа.

Цената на Moviphone изнесува околу 600 долари.


Skopje ID
[fbcomments]