Microsoft развива нов модел на Surface со два екрани – Centaurus

Во Microsoft работат на уред со два екрани кој ќе може да се користи како лаптоп, таблет или дигитална книга, а на пазарот би требало да се појави кон крајот на оваа година.

Дизајнерите и инжинерите на Microsoft моментално биле сконцентрирани на развој на нов модел од брендот Surface кој се развива под името Centaurus.

Овој уред имал два екрани чувствителни на допир и веќе се демонстрирал меѓу вработените во компанијата. The Verge пренесува дека имало големи редици со луѓе кои чекале да се запознаат со новиот хардвер на Microsoft.

Според гласините, Centaurus ќе може да се користи како класичен лаптоп, но и како лаптоп и дигитална книга, а на развојот на овој уред Microsoft соработувале и со Intel.

Иако сите информации за Centaurus засега се само гласини, The Verge пренесува дека лансирањето на уредот може да се очекува веќе до крајот на оваа година и ќе биде интересно да се види конечниот производ кој би можел да го промени начинот на кој ги користиме преносните компјутери.

Технолошките гиганти во изминатите години се повеќе експериментираат со дизајнот и развојот на преносните компјутери, но во најголемиот дел станува збор за скапи лаптопи со два екрани кои не се наменети за масовниот пазар, односно не може баш секој да си ги дозволи тие уреди.

Со Centaurus тоа би можело да се промени и ваквиот облик на хибридни компјутери би можел да стане хит на пазарот. Сепак, успехот на овој уред во голема мера ќе зависи од цената, па доколку биде прескап, тешко дека ќе привлече голем број на корисници.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »