Meган Маркл и принцот Хари донесоа одлука за крштевката на Арчи

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари донеле важна одлука, а тоа е тајно да го крстат синот Арчи, кој се роди на шести мај.

Ако се биде по план, Арчи ќе биде крстен за неколку дена,односно на 6 јули.

Како што вели изворот кој е запознаен со целата ситуација, церемонијата веќе е испланирана.

„Одбраа приватна капела во дворецот на кралицата Елизабета бидејќи сакаат интимно и место кое има посебно значење за кралицата“ вели изворот.

Како и досега, кралската крштевка ќе биде интимна и во кругот на семејството, блиските пријатели и кумовите.

Меѓутоа, се уште не се знае кој ќе биде кум на крштевката. Меган и Хари истакнале дека сакат крштевката да биде интимна, а потоа ќе споделат фотографии за да може јавноста да види.


Skopje ID
[fbcomments]
Translate »