Летечко такси во Дубаи !


Германската стартап компанија „Волокоптер“, во соработка со компанијата „Роад енд транспорт Ауторити“ од Дибаи наскоро ќе започне со тестирање на електричен мултикоптер со 18 ротори, кој ќе се користи како летечки такси во овој град, во Обединетите Арапски Емирати.

letecko-taxi

Тестирањето на мултикоптерот ќе започне оваа есен, а според договорот, тестирањето ќе трае пет месеци.

„Горди сме што компанијата „Роад енд транспорт Ауторити“ не одбра нас за партнери, откако беа спроведени ригорозни тестирања“, рекол кососптвеникот на „Волокоптер“, Александер Зосел, дополнувајќи дека неговата компанија била избрана „поради строгите безбедносни стандарди“.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=OazFiIhwAEs]

Прототипот на електричниот мултикоптер „ВЦ200“, на компанијата „Волокоптер“, прв пат полета минатата година. Леталото има максимално време на летање од 27 минути при оптимална брзина од 50 километри на час. Инаку „ВЦ200“, може да лета и со брзина од 100 километри на час.

Мултикоптерот „ВЦ200“, нема да биде единствениот ваков такси превоз во Дубаи, бидејќи команијата „Роад енд транспорт Ауторити“, неодамна потпишала договор за тестирање и со кинеската комапнија „Еханг“ за тестирање на безпилотно летало кое ќе превезува само едно лице и кое треба да го замени конценционалниот такси превоз. н.ц.


Skopje ID
[fbcomments]