Кортни Кокс поприродна од било кога !


Холивудската актерка минатата година призна дека сакала „да го запре стареењето“ со вбризгување на разни филери во лицето за да ги „испегла“ брчките и да го задржи младешкиот изглед.

Откако со години со разни препарати, помагала и инјекции се обидувала да изгледа помладо, 53 – годишната Кортни Кокс сега открила дека е „природна колку што е тоа можно“. Актерката ја донела ваквата одлука минатата година, кога не и` се допаднало како изгледа откако ги „испеглала“ брчките со инјекции.

SPbNo-n1-kortni-koks-se-vratila-na-prirodniot-izgled

„Отидов да ги разградам сите филери. Сега се чувствувам подобро бидејќи конечно изгледам како мене. Мислам дека сега повторно изгледам како личноста која бев пред да почнам да правам разни „поправки“ во мојот изглед…. Барем се надевам дека изгледам така“, рекла славната Моника од Пријатели за магазинот „New Beauty”.

Холивудската актерка почнала да ги користи инјекциите со филери за да направи ситни корекции, но потоа тоа станало се` почесто и пообилно.

„Телото се менува, се` виснува. Јас се обидов да го спречам тоа, но единственото нешто што го постигнав беше да изгледам лажно. Ќе почнеш со малку, и додека да сфатиш веќе имаш слоеви и слоеви филери на себе. Немаш поим што се случува, се` додека еден ден не се погледнеш во огледало и не сфатиш дека воопшто не си личиш на себе“, рекла Кокс и додала дека лицето мора да може да се движи, особено ако некој има толку тенка кожа како нејзината.


Skopje ID

Коментирај