Која храна (не) смеете да ја јадете доколку ви падне на под?

Правилото ,,пет секунди’’, кое вели дека храната која ви паднала на под смеете да ја јадете доколку била на нечиста површина пократко од пет секунди, сепак не важи за сите намирници.


Ова правило веќе со генерации се пренесува од колено на колено. Доколку чипсот или кексот ви паднат на земја, тогаш можете да ги изедете доколку сте биле побрзи од молња, па сте ги подигнале за пет секунди. Но, изгледа дека и не баш така. Експертите предупредуваат дека голема улога има видот на храната која ви паднала, отфрлајќи го правилото за сите намирници.

5414
,,Не постои ,,правило пет секунди’’. Тоа е мит и дефинитивно не го препорачуваме’’ , вели Рејчел Вилијамс, портпаролка на австралиската Агенција за исправност на храната.

Сепак, не е неважно што било на подот. Секоја храна која ќе заврши на подот е изложена на бактерии, но со оглед на тоа дека тие побрзо и повеќе се размножуваат на влажни површини, поопасно е доколку намирницата која ви паднала е влажна.

hy6
,,Кај сувата храна на бактериите им е потешко да се развиваат”, вели Рејчел Вилијамс.

Во сува храна спаѓа: чипс, бадеми, ораси, кекс, крекери, несварен ориз или тестенини.

Овошјето, доколку не е излупено и исечено, исто така можете да го изедете, но доколку ви испадне исечена и излупена кришка од јаболко, тогаш заборавете на неа. Фрлете ги и сите видови месо и сувомеснати производи доколку биле на подот.

876

Друго истражување, пак, покажало дека онаа храна која содржи повеќе сол или шеќер во себе, има помалку шанси да биде инфицирана со штетни бактерии по допирањето на подот. Чистењето на храната е најчесто само делумно од корист, бидејќи повеќето бактерии се присутни и по миењето со млаз вода.


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »