Koja e девојката од спотот на ” Despacito ,,


Хитот на Луиса Фонси со музиката и со спотот ги руши сите летни рекорди. Досега е прегледан 2,3 милијарди пати, а во хитот публиката ужива и во глетката на секси бринетата која танцува во спотот и заведува со жешките панталончиња.

2.7.zuleyka

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=kJQP7kiw5Fk]

Се вика Зулејка Ривера и има триесет години. Родена е во Порторико, а во 2006 година беше Мис Универзум и круната ја понесе со само 18 години.

Освен што се занимава со манекенство, Зулејка е водителка, танчерка, но и актерка која се појавува во сапуницата „Чоколадо“.

Во долгогодишна врска е со кошаркарот Хозе Хуан Бареа, со кого во 2012 година го имаат синот Себастијан.


Skopje ID

Коментирај