Кои се штетите од интернетот и новите техологии ?


Во последно време се повеќе се зборува за штетите кои во различни сегменти на стопанството ќе ги предизвикаат интернетот и новите технологии. Така, претседателот на компанијата „Алибаба“, Џек Ма, предупреди дека светот би можел да се соочи со децении болка поради нарушувања што би следувале.

али(13)
Во обраќање на собир на Клуб на кинески претприемачи, кинескиот милијардер ги повикал владите да спроведат реформа во образованието и истакнал дека луѓето треба да работат со машините.

– Во наредните 30 години во светот ќе има многу повеќе болка отколку среќа, бидејќи ќе имаме многу повеќе проблеми на кои ќе наидуваме – рекол Ма, говорејќи за потенцијалното губење работни места поради технологијата.

Основачот на една од најголемите светски платформи за електронска трговија, предупреди дека општествените конфликти ќе имаат огромно влијание врз сите индустрии и области на животот, додавајќи дека пред 15 години одржал 200 до 300 говори за влијанието што електронската трговија и интернетот ќе го имаат врз традиционалните компании, но дека малкумина го послушале „затоа што не бил познат“.

Џек Ма, како што наведува Си-ен-би-си, инвестирал и во области какви што се „клауд“ компјутерство и вештачка интелигенција, бидејќи се шири на нови сектори вон бизнисот со е-трговија. Тој предупредил дека каква било работа што не е поврзана на интернет во иднина ќе трпи. Исто така говорел за подемот на роботите и вештачката интелигенција, оценувајќи дека таа технологија ќе биде потребна за обработка на големи количини податоци што денес се генерираат, а кои човечкиот мозок не може да го обработи.

– Меѓутоа, машините не би требало да ги заменат луѓето во оние професии што тие можат да ги работат, а технолошката заедница би морала да се стреми кон производство на машини што би го работеле само она што луѓето не можат. Тоа машините би ги направило партнери, а не противници на луѓето – рекол Ма.

Кинескиот милијардер признал дека вештачката интелигенција веројатно ќе влијае врз тоа луѓето да живеат подолго, но и дека ќе доведе до сè помал број работни места. Роботите, според Џек Ма, би можеле да ги истиснат од работа дури и генералните директори на компаниите.

– За 30 години, на насловната страница на магазинот „Тајм“ најдобар генерален директор на годината веројатно ќе биде робот. Тој подобро ќе помни од вас, побрзо ќе пресметува од вас и нема да се расправа со конкуренцијата – рекол Ма.


Skopje ID

Коментирај