Кина ќе ги забранува бензинските и дизел автомобили!

Кина, најголемиот светски пазар на автомобили, планира да ги забрани производството и продажбата на автомобили и комбиња со мотори со внатрешно согорување.

Заменик министерот за индустрија Син Гоубин изјави дека се почнати „релевантни истражувања“, но дека сѐ уште не е решено кога забраната ќе стапи на сила.

„Тие мерки сигурно ќе донесат длабоки промени во развојот на нашата автомобилска индустрија“, изјави кинескиот заменик министер за кинеската новинска агенција Синхуа.

Кина минатата година произведе 28 милиони автомобили, речиси третина од вкупниот број на глобално ниво.

Забрани низ целиот свет

Велика Британија и Франција веќе објавија планови за забрана на нови автомобили со дизелски и бензински мотори до 2040 година, што претставува дел од напорите за намалување на загадувањето и јаглеродните емисии.

Произведувачот на автомобили Волво, кој е во кинеска сопственост, објави во јули дека од 2019 година сите негови новопроизведени автомобили ќе имаат електрични мотори. Кинески Џили, сопственикот на Волво, до 2025 година планира да продаде милион електрични автомобили.

Истанатите глобални автомобилски компании, вклучувајќи ги Рено-Нисан, Форд и Џенерал моторс, исто така забрзано работат на развојот на електричните автомобили во Кина.

Нови правила

Произведувачите на автомобили се борат за удел на растечкиот кинески пазар, а пред воведувањето на новите правила осмислени како дел од борбата против загадувањето.

Кина сака автомобилите на електричен и хибриден погон до 2025 година да сочинуваат барем петтина од вкупно продадените возила.

Се очекува Пекинг во новите квоти за електрични возила, кои ќе стапат на сила веќе следната година, да одреди уделот на електрични и хибридните возила во вкупната продажба на поединечните произведувачи да мора да изнесува минимално осум отсто, за во 2019 да порасне на 10, а до 2020 барем на 12 отсто.

Побарувачката на нафта

Кинескиот заменик министер за индустрија предвидува дека овие промени ќе доведат до „турбулентен период“ за индустријата.

Овие промени ќе се одразат и врз побарувачката на нафта во Кина, која по САД е втор најголем потрошувач на енергенсот во светот.

 


Skopje ID

Коментирај