Како да ја издржите диетата до крај ?


Според неодамнешната студија на холандски и португалски истражувачи, доколку за време на диетата си дозволиме за себе еден ден во неделата кога можеме да го прекршиме режимот на исхрана и да изедеме некое омилено „забрането“ јадење, поголеми се шансите дека ќе ја издржиме диетата.

диета

Истражувачите следеле две групи испитаници кои сакале да ја намалат телесната тежина – првите секојдневно внесувале по 1.500 калории, додека другите шест денови внесувале по 1.300 калории, а седмиот ден 2.700 калории.

Забележано е дека испитаниците од првата група полесно ја губеле мотивацијата, додека другите, бидејќи знаеле дека седмиот ден ќе можат да јадат што ќе посакаат, имале поголема волја и биле помалку подложни да се откажат од диетата.

Исто така, губењето на килограмите на двете групи било слично.


Skopje ID
[fbcomments]