Jaguar го има најбесниот електричен автомобил

Познатиот бренд на елитни спортски автомобили Jaguar е подготвен за влез во новата ера на автомобилската индустрија целосно прифаќајки го предизвикот да создаде ефикасен, брз и економичен спортски автомобил на електричен погон кој нема да загадува, а притоа ќе има неверојатна моќ и брзина.

20180303074637

Нивниот прв модел I-PACE располага со моќност на моторот од 400 коњски сили, може да достигне брзина од 100 километри на час за само 4,6 секунди, има капацитет на батеријата за околу 350 километри пат со само едно полнење, а нуди и многу елегантен дизајн и удобност во внатрешноста со најсовремени инфо системи за забава и следење на параметрите на возилото.

Автомобилот има пет седишта и спаѓа во SUV категоријата со огромен простор за багаж како на задната страна, така и на предната страна под хаубата бидејќи нема мотор со внатрешно согорување, а има погон на сите четири тркала.

Jaguar I-PACE како еден од најспецифичните спортски електрични автомобили во продажба ќе влезе во втората половина на годинава со цена од околу 65.000 евра.


Skopje ID
[fbcomments]