Изгореа четири автомобили во Скопје


Вкупно четири возила се опожарени во утринските часови на неколку локации во Скопје, соопштија од полицијата.

avto_pozar_shutterstock

Околу 4 часот и 30 минути било пријавено дека на паркинг на улицата „Јани Лукровки“ горат Ауди А3 со кривопаланечки регистрации и автомобил Деаву Ланос со скопски регистрации.

Петнаесетина минути подоцна, во полицијата друг скопјанец пријавил дека на улицата „Букурешка“ гори Ауди А6, а околу пет часот истиот човек јавил дека гори и Опел Астра во населбата Карпош.

Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи и утврдување на причините за пожарите.


Skopje ID

Коментирај