Ирски тост со пржено сирење

Крцкав оброк идеален за појадок или вечера.

irski-tost-1429117001-57210
За подготовка на овој рецепт потребни ви се околу 35 минути, а намирниците се доволни за 6 сервирања.

Состојки

• 150 мл млеко
• 1,5 лажици брашно
• 400 гр тврдо сирење (чедар)
• 160 гр презла
• 1 лажица сенф
• 120 мл темно пиво
• 2 јајца (жолчки)
• 4 млади кромитчиња
• 6 парчиња тост леб

Подготовка

Загрејте го млекото во огноотпорен сад, па додадете го брашното. Продолжете да мешате додека смесата не зоврие. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата, за млекото малку да се згусне.

Додадете го сирењето и мешајте го на ниска температура додека не се стопи. Додадете ги лебните трошки, сенфот и темното пиво. Продолжете со мешање додека смесата не се соедини.

Тргнете го садот од оган и оставете малку да се олади. Кога ќе се олади, додадете ги жолчките од јајца и добро промешајте ги состојките. На крајот, додадете го и младиот кромид.

Сипете од смесата на тост лепчињата, а потоа добро загрејте ги во рерна додека не поруменат и добијат златно-кафена боја. По желба, можете да ги потпечете заедно со претходно подготвени печурки.


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »