Holden направи електричен автомобил со 1.340 коњски сили


Австралиската компанија „Holden“ направи електричен автомобил со импресивни 1.360 КС. Прототипот „Time Attack“ е посветен на 50-годишнината од првата победа на брендот во 1000-километарска трка на патеката „Маунт Панорама“ во Батурст.

holden-0000
Хиперавтомобилот со шасија од јаглеродни влакна и куќиште од кевлар е опремен со четири електрични мотори, чија вкупна моќност е 1.340 КС.

holden-0006
Системот на погон на сите тркала дозволува флексибилно да се менува оптоварувањето на секој од нив. Графеновата батерија со капацитет од 25 kW/ч поддржува станица за полнење со моќност до 1.000 киловати е се полни целосно само за минута и пол.

holden-0002
„Holden Time Attack“ добил карбон-керамички сопирачки, активна суспензија, матрични фарови, активна аеродинамика и систем за телеметрија кој ги пренесува податоците во шлемот на пилотот во режим на зголемена реалност.

holden-0003
Потенцијално, концептното возило може да забрза од нула до 100 км/ч за 1,25 сек и да развие максимална брзина од 480 км/ч.

holden-0004
Во симулација една обиколка на патеката „Маунт Панорама“ би требало да потрае 1:29,30 мин, надминувајќи ги рекордните достигнувања за секоја класа тркачки автомобили.

holden-0007

 


Skopje ID
[fbcomments]