Гасол влезе во историјата!


Само девет минути му беа потребни на искусниот центар, Пау Гасол да се искачи на првото место на листата на најдобри стрелци на Европските првенства. Легендарниот Шпанец со тројка во 14. минута го мина Тони Паркер.

137601-shpanija-rutinski-gasol-vleze-vo-istorijata-video

На легендарниот шпански кошаркар, Пау Гасол му беа потребни девет минути од првото полувреме за да се искачи на првото место на листата на најдобри стрелци на Европските првенство. Искусниот центар постигна тројка и го мина Французинот Тони Паркер.

За Гасол ова беше 1.105 поен на континенталните натпреварувања, на кои има одиграно 55 меча, а во просек постигнувал по 20,4 поени.

До дуелот меѓу Шпанија и Унгарија на првото место беше Паркер, со 1.104 поени, бројка до која дојде по 68 одиграни натпревари, на кои бележеше просек од 16,2 поени. Третото место му припаѓа на Германецот, Дирк Новицки.

Шпанија рутински ја совлада Унгарија 87:64 (22-19, 19-19, 19-17, 27-18) во последниот натпревар во групата Ц и во осминафиналето ќе оди како првопласирана екипа.

 


Skopje ID

Коментирај