Гаро Тавитјан сними сингл со американката Паула Си!


Новиот сингл на Гаро Тавитјан, насловен „Ocean Dream“, беше објавен деновиве, а од вчера на Јутјуб е поставен и видеоспотот. Песната е со одличен аранжман, модерен и релаксирачки звук и фантастична вокална интерпретација на американската црномуреста пејачка Паула Чарлестон.

06092017104747_web_garo-1

Музиката, аранжманот и текстот на „Ocean Dream“ се на Гаро Тавитјан, додека, пак, зад видеоприказната се потшишува Александар Ристовски-Принц.

Инаку, видеоспотот за новиот сингл на Гаро е сниман на интересни локации, односно на мермерното езерце, кое се наоѓа над прилепското село Беловодица.



Skopje ID

Коментирај