Француски десерт: Рецепт за макаронс колачиња

Ако отсекогаш сте сакале да знаете како се прави овој познат француски десерт, погледнете го најлесниот начин за подготовка.

1

Доколку отсекогаш ве интересирало како се прави прочуениот француски десерт ,,Макаронс’’, го пронајдовме оригиналниот рецепт за вас.

Состојки

• 250 гр шеќер во прав
• 100 гр шеќер
• 100 гр мелени бадеми
• 2 лажици какао
• 4 белки

2

Крем

• 200 гр чоколадо за готвење
• 100 мл павлака за готвење

Начин на подготовка

Оставете ги белките да отстојат на собна температура. Изматете ги со миксер, а потоа додавајте постепено од шеќерот, малку по малку додека смесата не се зацврсти.

Замешајте ги мелените бадеми и шеќерот во прав во смесата. Додадете го и какаото, па внимателно измешајте. Сипете ја смесата на хартија за печење со помош на готварски шприц или кесички за замрзнувач.

Оставете ги 1 час да се сушат. Печете ги 15 минути во рерна на 150 степени. Растопете го чоколадото во павлаката и оставете да се олади. Наполнете ги кексите и чувајте ги во кутија.

3


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »