(ФОТО) Пролет во Холандија

Пролетта е вистинското време да ги спакувате куферите и појдете на незаборавно патување низ магичната Холандија.

0

Холандија е светски позната дестинација, чиј заштитен знак се полињата со лалиња, ветерниците, вкусните кашкавали и најголемиот број на велосипеди по човек. Таа е земја на отворени, толерантни и пријателски настроени луѓе, куќи како од бајките, древни замоци и воодушевувачки пејзажи. Земја на слободата, каде секој може да го пронајде она по што трага. Никој не може да остане рамнодушен на бучниот и разигран Амстердам, каде вниманието го крадат мноштвото величенствени музеи, канали, кафетерии и секако, ,,улицата на црвените фенери’’ или ,,црвениот кварт’’. Спротивно на холандската метропола, гостопримливиот, но тивок Ротердам или зелениот Ајндховен ќе ви овозможат мирна прошетка низ нивните знаменитости. Посетете го и идиличното село на ветерниците и шармантниот стар град во Делфт. Доколку, пак, сте љубители на цвеќињата, тогаш не двоумете се да појдете и до Кеукенхоф, царството на лалињата, каде што секоја година од април до мај се одржува најголемата цветна изложба. Во продолжение, погледнете ја галеријата и почувствувајте ја магијата на ова годишно доба во Холандија.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

18

19

20

21

22

23

24


Милан Атанасов
[fbcomments]
NFL Jerseys 2019 
Translate »